„АЛТА банка“ од понеделник ќе ја отвори и експозитурата во Прилеп, ќе може да се подигнат до 20.000 денари

Од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на „АЛТА банка“ АД Битола во Прилеп, со што се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на банката.
Во прилепската експозитура, клиентите кои имаат платежна сметка, но не располагаат со платежна картичка, ќе можат да подигнат готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит, информираат од Народната банка.
Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за комунални услуги, отплата на кредити и други потреби.
Од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат и услугите на електронското и мобилното банкарство, како дел од активностите за олеснување на пристапот до средствата и непречено извршување на секојдневните финансиски обврски.
Притоа, за клиентите кои поседуваат платежни картички важи лимитот за располагање со средства до 15.000 денари неделно, додека за оние кои немаат платежни картички лимитот изнесува до 20.000 денари во период од две недели.
Овие ограничувања се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали за плаќање и повлекување средства, односно плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.
Физичките лица, исто така, можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени во други банки и кај други даватели на платежни услуги. Овие дополнителни приливи може да се користат без ограничување на износот.
Во однос на компаниите, овозможена е исплата на платите, заедно со соодветните даноци и придонеси, за оние што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.
Народната банка информира дека продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за олеснување на пристапот на клиентите до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.
МИА
Ново на Сител
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
-

Од утре повремен дожд и пониски температури
-

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката
-

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик, јасна е одлуката на Венециската комисија
