Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
Македонската амбасада во Белград ја потврдила информацијата за сообраќајната несреќа што се случила рано изутрината на автопатот Нови Сад - Суботица во Србија во која еден македонски државјанин загина, а еден е тешко повреден. Од Амбасадата се во контакт со семејството на починатото лице со цел олеснување на административните постапки за транспорт во земјава.
- Ве информираме дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода што се случила во близина на Суботица, во која животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година. Во незгодата е повредено уште едно лице, исто така македонски државјанин, кое со тешки повреди е хоспитализирано на одделението за реанимација во клиничкиот центар, информираат попладнево од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.
Утрово, РТС објави дека македонски државјанин загина, а еден е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила рано изутрината на автопатот Нови Сад - Суботица во Србија.
Според информациите добиени од Полициската управа на Суботица, возило „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело по автопатот кон граничниот премин Хоргош, излетало од патот на нива кај населбата Вишњевац, помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица, а потоа се превртело.
Во несреќата загинал патникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) е тешко повреден и пренесен во болница во Суботица.
Сообраќајната полиција и обвинител од Основното јавно обвинителство во Суботица извршиле увид на местото на настанот.
Полицијата во Суботица соопшти дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста на јавниот превоз.
Ново на Сител
-
Сончево со умерена облачност, максималната температура до 33 степени
-
На ГП Табановце за влез во државава се чека околу половина час
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари