„Американ Ерлајнс“ ги укинува летовите за Израел до 2025 година
Американската авиокомпанија „Американ Ерлајнс“ соопшти дека ќе ги прекине сите летови за Израел до април 2025 година поради големите регионални тензии. Според израелскиот јавен сервис „КАН“, „Американ Ерлајнс“ се приклучи на неколку големи компании кои исто така одлучија привремено да ги прекинат летовите.
Од 7 август, вкупниот број на странски авиокомпании кои ги прекинаа летовите до и од Израел достигна 20, наведува „КАН“. Меѓу авиокомпаниите кои ги прекинаа летовите се и „Делта Ерлајнс“, „ИзиЏет“, „Рајанер“, „Луфтханза Груп“, „Јунајтед Ерлајнс“, „Егеан Ерлајнс“, „ЕрБалтик“, „Ер Индија“, „Ер Франс-КЛМ“, „Катеј Пацифик“, „Таром“, „Вуелинг“ и „ИТА Ервејс“.
Стравот од регионална ескалација на Блискиот Исток е сè уште присутен, а американски официјални лица соопштија дека напад од Иран може да се случи во секој момент, но дека во моментов нема прецизни разузнавачки информации кои би укажале на точен датум на нападот.
Иако Израел тврди дека економската ситуација е стабилна, новите откажувања на летови дополнително ќе ја влошат ситуацијата во секторот туризам, кој претрпе целосен колапс од почетокот на конфликтот на 7 октомври 2023 година.
Во првата половина на 2024 година бројот на пристигнувања на странски државјани во земјата изнесуваше една четвртина од бројот за истиот период во 2023 година.
„Во првата половина на 2024 година во Израел пристигнале 501.000 туристи, во споредба со 2,1 милион во истиот период во 2023 година. За време на месец јуни, бројот на странци кои влегле во Израел беше само 97.700 во споредба со 355.200 во истиот месец минатата година“, покажува статистиката.
Ново на Сител
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен