Американската армија повторно го нападна Иран, ИРГЦ возврати со напад врз Кувајт

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад врз американска база во Кувајт.
Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека соборени се и четири ирански дронови, што претставувале закана околу Ормуска Теснина.
– Копнената контролна станица во иранската база Бандар Абас е погодена пред да биде лансирано петтото беспилотно летало, соопшти ЦЕТКОМ, додавајќи оти акцијата била „одмерена, чисто дефанзивна и наменети да се одржи примирјето“.
Иранската државна телевизија (ИРИБ) јави дека Рволуционерната гарда (ИРГЦ) како одмазда за нападот врз Бандар Абас ја таргетирала американската база во Кувајт.
Армијата на Кувајт потврди дека пресретнала ракети и дронови.
Американската армија вторпат во три дена напаѓа цели во Иран, како што тврди во самоодбрана. На 25 мај во „самоодбрана“ беа нападнати цели во јужен Иран, а мета беа иранските ракетни полигони и бродови.
МИА
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
