Американски Ф-16 пресретнаа два авиона над голф-клубот на Трамп во Њу Џерси

Американски борбени авиони пресретнале два авиона кои влегле во привремено ограничена зона за летање околу голф-клубот на претседателот Доналд Трамп во Бедминстер, во сојузната држава Њу Џерси, јавија американските медиуми и воените власти, пренесе ДПА.
Северноамериканската команда за воздушно-космичка одбрана (НОРАД) потврди дека борбени авиони Ф-16 вчера ги пресретнале двата авиона и безбедно ги придружувале надвор од ограничениот воздушен простор.
Телевизијата „Фокс њуз“ и весникот „Њујорк пост“ објавија дека авионите биле пресретнати во близина на голф-клубот на Трамп, каде што тој го минал викендот.
Американската војска не соопшти колку борбени авиони учествувале во операцијата, ниту објави дополнителни информации за авионите што ги прекршиле ограничувањата за летање.
Привремени ограничувања за летови редовно се воведуваат околу местата каде што престојуваат американските претседатели од безбедносни причини. Такви прекршувања се случуваат повремено и најчесто станува збор за помали авиони, забележува ДПА.
Од НОРАД ги повикаа пилотите пред секој лет да ги проверуваат важечките ограничувања во воздушниот простор.
МИА
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
