Американски сенатор поднесе тужба против Пентагон и министерот за одбрана Хегсет

Американскиот сенатор Марк Кели поднесе тужба против Пентагон и министерот за одбрана Пит Хегсет.
Кели е пензиониран морнарички офицер и со тужбата се соочува со ризик од деградирање, што може да доведе и до намалување на неговата пензија. Министерството за одбрана на САД почна истрага откако беше објавен видеоснимка, во кој Кели ги повикува американските војници да не ги почитуваат нелегалните наредби.
Во тужбата се тврди дека постапките на Пентагон се неуставни и оти е прекршено правото на слобода на говор на Кели.
Во ноември Кели и уште петмина демократи во Конгресот, поранешни припадници на воени или разузнавачки служби, споделија видеоснимка со кој ги повикуваат американските војници да не ги почитуваат наредбите што ги кршат американските закони или Уставот на САД. Видеото главно се однесуваше на контроверзните американски операции против наводните трговци со дрога на Карибите.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го оцени видеото како охрабрувачко „бунтовничко однесување“, но подоцна ги ублажи критиките.
Неговата неуставна кампања против мене испраќа вознемирувачка порака до секој пензиониран припадник на вооружените сили: ако проговорите и кажете нешто што не им се допаѓа на претседателот или секретарот за одбрана, ќе бидете предмет на опомена, закана од деградирање или дури и кривично гонење. Јас само го повторив постојниот закон, кој наведува дека членовите на вооружените сили мора да одбијат да ги почитуваат незаконските наредби. Чудно, според Пит Хегсет, цитирањето на законот сега е нелегално, истакна Кели пред Сенатот.
Ново на Сител
-

Мирослав Попоски патува на 30-то големо натпреварување да ја бодри Македонија | ВИДЕО
-

Велешката полиција фати крадец на пари и златни предмети кои ги заложил
-

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада
-

17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип
-

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници
-

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција
-

80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
-

Ножот се скршил, зел ножици па откако и тие се свиткале зел друг нож, детали за убиството во Богданци
