Американски тренер во гимнастика осуден на 90 години затвор за детска порнографија

Поранешниот истакнат американски тренер во гимнастика во млади категории, Шон Гарднер (39), е осуден на 90 години затвор, откако е прогласен за виновен за тајно снимање на своите млади спортисти додека се соблекувале и го користеле тоалетот во спортската сала во Мисисипи, јавија синоќа американските медиуми.
На Гарднер му е изречена максималната можна казна по три точки од обвинението за производство на детска порнографија.
Гарднер на судскиот процес се изјасни за виновен за поставување скриена камера во салата Пурвис, снимајќи ги своите ученици во периодот од декември 2017 до април 2018 година.
Снимениот материјал бил пронајден неколку години подоцна на неговите компјутери во истрага дека сексуално злоупотребувал гимнастичарки во Ајова.
Истражителите заплениле приближно 50 видеа и 400 фотографии како доказ.
МИА
Ново на Сител
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
