Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да започне конфликт со Иран, објавија американските медиуми, изнесувајќи ја проценка дека ова е првпат дел од Конгресот формално да го разгледа правото на воена акција во овој конфликт.
Резолуцијата за воените овластувања им дава право на законодавците да бараат одобрение пред да продолжување на воената акција.
Сличен закон се разгледува и во Претставничкиот дом, но двата предлога имаат мали шанси да поминат низ републиканскиот Конгрес и Трамп веројатно би ги отфрлил и доколку бидат е усвоени, истакнуваат американските медиуми.
Гласањата е означено како клучен момент за законодавците, бидејќи одлуките за петдневниот конфликт – во кој Трамп влезе без одобрение од Конгресот – би можеле да ја одредат судбината на американските трупи, регионалната стабилност и животите на илјадници цивили.
Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, предупреди дека „војните без јасни цели не остануваат мали“ и оцени дека овој конфликт е „војна по избор“.
Претставници на администрацијата на Трамп се обидуваат да ги уверат законодавците дека ситуацијата е под контрола, истакнуваат американските медиуми.
Речиси сите републикански сенатори планираат да гласаат против резолуцијата, додека некои сè уште се „двоумат“ околу евентуалното распоредување на копнени трупи во Иран.
Лидерите на Претставничкиот дом се подготвуваат за интензивна дебата и гласање утре, објавија американските медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
