АМСМ: Од денеска законска обврска за зимска опрема за возилата

Од денеска стапува на сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година.
- За да се избегнете сообраќајни казни и прекршоци, потребно е да го усогласите вашето возило со пропишаните барања: возила до 3.500 кг - потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми со истата длабочина, со задолжително носење синџири за снег, возила со погон на сите тркала (4х4) - зимски гуми со длабочина од најмалку 6 мм, или летни гуми со минимум 4 мм длабочина и синџири за снег, возила над 3.500 кг - зимски гуми со длабочина од 6 мм на погонските тркала, или летни гуми со минимум 4 мм, со задолжителни синџири за снег, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Покрај ова, автобусите и товарните возила мора да носат прирачен алат како лопата, ако не можат да користат синџири за снег.
МИА
Ново на Сител
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
