Анализа - Дали процесот ,,Жан Моне‘‘ може да ја откочи работата на Собранието?
Ниту координациите кај собранискиот спикер, ниту днешната средба во рамките на процесот „Жан Моне“ дијалогот кој се одвива под европска капа засега не ја подобрува ефикасноста на македонското Собрание.
Над 7.000 амандмани за помалку од една недела на дестина закони поднесе пратеничката група на Алијанса и Алтернатива. Ја блокираат работата на парламентот поради тоа што не поминува нивниот закон за државјанство. Но, и без тоа седниците се одвиваат тешко и без гласање поради корона позитивни пратеници од владејачкото мнозинство. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, не прави кворум оти власта ги игнорирала нивните барања. Сликата на блокирано Собрание трае веќе со месеци.
Аналитичарите велат дека политичкиот дијалог во парламентот е срамен, а пратениците немаат државнички однос кон функцијата што ја вршат.
Според нив, решението мора да се базира на три прашања: надминување на проблемот со филибастеринг, злоупотребата на европското знаменце на законите и работа на далечина за пратениците кои се во изолација.
Шансата да покажат дека можат и поинаку да работат пратениците ја имаат уште утре, но малку е веројато дека ќе ја искористат за гласање. Тоа веројатно ќе се случи дури по 23 март кога се чека да се вратат изолираните пратеници или пак, доколку во текот на неделава токму преку „Жан Моне“ дијалогот не се изјаде решение. На кворум чекаат над 130 закони.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
