Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека Европската комисија во најновите оценки констатирала „добар напредок“ на Македонија во областа на дигиталната трансформација, при што најави продолжување на реформите за поголема дигитализација на јавните услуги.
- Европската комисија констатира „добар напредок“ на Македонија во дигиталната трансформација. На денешниот состанок за Реформската агенда разговаравме за следните чекори: што треба да завршиме, кој е одговорен и во кои рокови - напиша Андоновски на Фејсбук.
Тој посочи дека во фокусот на идните активности ќе бидат зголемување на бројот на услуги што граѓаните и компаниите ќе можат целосно да ги завршуваат онлајн, подобро поврзување на институциите и натамошно зајакнување на заштитата на системите и податоците.
- Нашата цел е и во следниот извештај да можеме да покажеме што сме завршиле. А граѓаните да го почувствуваат тоа многу порано – во времето што го заштедуваат секогаш кога треба да завршат обврска од администрацијата - истакна министерот Андоновски.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
