Андоновски: На 19 декември конференција за ИКТ Стратегијата СМАРТ/МК 2030

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, беше гостин во програмата на Македонско радио – Радио Скопје, каде говореше за новата Национална ИКТ стратегија СМАРТ/МК 2030, која е дел од владината програма, и ја најави конференцијата што ќе се одржи во петок, 19.12.2025 година.
Во гостувањето, министерот истакна дека настанот се организира врз основа на одлуката на Владата од 14 октомври, со која беше усвоена Националната стратегија за развој на ИКТ СМАРТ/МК 2030, и најави голем промотивен настан под наслов: „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современо општество“.
„Врз основа на одлуката на Владата од 14-ти октомври, каде што се усвои националната стратегија за развој на ИКТ СМАРТ/МК 2030, организираме еден голем промотивен настан – Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современо општество“, рече Андоновски.
Тој информираше дека на конференцијата, на почетокот, ќе се обрати и претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски, како и партнерот ReSPA – Регионалната школа за јавна администрација.
Министерот појасни дека стратегијата се базира на четири столба, а целта на конференцијата е да се разјаснат приоритетите, институционалните обврски и очекувањата до 2030 година: Обезбедување современа, брза и достапна ИКТ инфраструктура; Јакнење на дигитални вештини кај граѓаните за полесно користење дигитални услуги; Модернизација и дигитализација на јавните услуги, процес кој веќе активно се спроведува; и Поттикнување иновации и развој на вештачка интелигенција (ВИ).
На крајот од гостувањето, Андоновски упати отворена покана до сите заинтересирани граѓани, институции, експерти и чинители да присуствуваат на конференцијата и да се запознаат со акцискиот план на стратегијата за дигиталната трансформација до 2030 година.
Министерство за дигитална трансформација
Ново на Сител
-

Крај на учебната 2025/2026 година
-

Над 100 текстилни работници од две штипски конфекции без плати и придонеси
-

Менталното здравје кај младите бара поголемо разбирање
-

Анализа: Што можеме да очекуваме од утрешната средба Сиљановска Давкова – Јотова?
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Утре средба Сиљановска-Давкова – Јотова во Софија, премиерот претпазлив
-

Снимки од заѕиданите пари: Обвинителството ги откри врските Ристов–Стафа–Пецов
-

Државата најверојатно сама ќе го гради Чебрен и Галиште
