Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска е во работна посета на Барселона, Шпанија каде учествува на MWC26 (Mobile World Congress) – најголемиот светски настан што ги обединува креаторите на политики за дигитализација, претставници на телеком операторите и најголемите производители на мобилни уреди и дигитални решенија во светот.
Во рамки на посетата, министерот, како што информира неговиот Кабинет, се задржа на лобирање за принципот „роаминг како дома“, со цел натамошно унапредување на условите за граѓаните и бизнисите преку намалување на трошоците за роаминг и приближување кон европските стандарди.
Андоновски беше дел од GSMA Ministerial Programme, каде се дискутираше за клучни политики и приоритети поврзани со поврзливоста, дигиталната инфраструктура, безбедноста и идните мрежни технологии.
-Ова е најголемиот светски настан што ги обединува креаторите на политики за дигитализација, претставниците на телеком операторите и најголемите производители на мобилни уреди во светот. Заедно со претставници на влади и претставници на приватниот сектор, разговараме за прашањата кои најмногу ги засегаат нашите граѓани и корисниците, а тоа за нас секако е проектот „Роаминг како дома“ – што значи цени како дома за користење на мобилни услуги, СМС пораки и интернет било каде во Европската Унија. Можам да кажам дека од владите и од нашите меѓународни партнери добиваме голема поддршка за овој проект, но и разбирање од големите телеком оператори, истакна Андоновски.
Тој се сретнал со претставнииици на мобилни оператори кои се присутни во Македонија, но и со бројни светски производители на опрема, даватели на облак (cloud) услуги.
-Разговаравме за најважните прашања кои во моментов го засегаат секторот на дигитализација: изградба на дата центри, вештачка интелигенција, сајбер безбедност и целосна дигитална трансформација на општеството, истакна Андоновски.
МИА
Ново на Сител
-

Во Европа раст на цената на гасот за повеќе од 20 отсто
-

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување
-

Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади
-

Поскапуваат бензините
-

Иран напаѓа цели во Ерусалим, Израел возвраќа со „широк напад“ врз Техеран
-

Бандера за улично осветлување закана за жители на Драчево | ВИДЕО
-

Над 400 македонски државјани побарале евакуација од Блискиот исток
-

Институтот за класични студии на УКИМ бара латинскиот јазик да биде една година задолжителен за сите гимназијалци
