Андоновски одржа мастерклас во Париз: Во фокусот дигиталната трансформација на јавната администрација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски одржал мастерклас пред студенти на Универзитетот „Пантеон-Асас Париз 2“ во Франција, каде што зборувал за дигитализацијата на јавните услуги, современото управување и улогата на младите во креирањето јавни политики.
Како што информираат од Министерството за дигитална трансформација, Андоновски на мастеркласот насловен „Servir au XXIᵉ siècle“ („Да служиш во 21 век“) го споделил неговото искуство од студентските денови до работата во јавната служба, посочувајќи дека дигиталната трансформација треба да им го поедностави секојдневието на граѓаните.
Како пример го навел случајот кога студент мора да носи потврда од една институција во друга, иако државата веќе располага со потребните податоци.

Според Андоновски, дигитализацијата не подразбира само воведување електронски услуги, туку и преиспитување и поедноставување на административните процедури. Посочил дека доколку институциите можат безбедно да разменуваат и проверуваат податоци, граѓаните ќе имаат помалку административни обврски, а постапките ќе се завршуваат побрзо.
Пред студентите ја претставил и m.Uslugi, бесплатната мобилна апликација која овозможува пристап до дигиталните верзии на личната карта и возачката дозвола, како и до услуги наменети за граѓаните.
Тој посочил дека пред нејзиното официјално лансирање апликацијата ја тестирале неколку илјади граѓани, а повеќе од 200 нивни забелешки и предлози биле вградени во конечната верзија.
Во рамките на дискусијата биле претставени и меѓународни искуства од дигиталната трансформација, меѓу кои украинската апликација „Дииа“, која послужила како инспирација за m.Uslugi, електронското потпишување преку мобилен телефон во Летонија и регионалниот роаминг во Западен Балкан.

МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бега од надзорната за Алта банка
-

Четири лица приведени за тероризам
-

Македонија одбележува 35 години Устав
-

Владата донираше три нови амбулантни возила за Здравствениот дом Струмица
-

Започна предврeмениот откуп на тутун, се откупува само во прва по цена од 435 денари за килограм
-

Преглед на вестите од светот
-

Кристијан Корабоски без притвор
