Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во вчерашното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија официјално најави дека во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација м.Услуги.
-Можам официјално да најавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација м.Услуги. Во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните - истакна Андоновски.
Преку м.Услуги, се наведува во соопштението на Министерството за дигитална транформација, граѓаните на едно место ќе можат да пристапуваат до личните документи во дигитална форма како и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилен телефон.
Министерот посочи дека во изминатиот период интензивно се работело на прашањата поврзани со сајбер-безбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со Министерството за внатрешни работи, кое е сопственик на податоците.
-Во завршна фаза сме на усогласување и потпишување на протоколот за размена на податоците, како и на тестирањето на апликацијата. Сакаме, пред таа да биде достапна за сите, да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и едноставен за користење. Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест-верзија досега ја презедоа околу 6.000 граѓани - рече Андоновски.
Следниот чекор во дигиталната трансформација, се додава во соопштението, е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата.
МИА
Ново на Сител
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
-

Прилепските бизнисмени: Санација на Прилеп-Градско преку Плетвар и измени на боледувањата и дел од царинскиот тарифник
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
