Ангелов со апел и честитка по повод Илинден: Да не ја запалиме татковината, вечна да е Македонија
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов го честита Илинден и упати апел до граѓаните на Република Македонија да внимаваат да не ја запалат нашата преубава татковина.
„На денешен ден 1903 година македонските револуционери го запалиле Балканот создавајќи ја Крушевската Република.
120 години подоцна, ние Македонците, заедно со сите останати македонски граѓани, должни сме да внимаваме да не ја запалиме нашата преубава татковина, Македонија.
Политичарите - државнички, граѓаните - граѓански.
Затоа! Не палите оган, не правите скара и не фрлајте отпушоци низ преубавите македонски ливади и шуми! Да не дозволиме да изгори ниту парче македонска земја! Но, доколку забележите чад или оган на отворен простор, веднаш пријавете на 112!
Вечна да е! Македонија.
Честит Илинден.“ - пишува Стојанче Ангелов на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
