Ангелов: Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за пожарникари
Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за идни пожарникари, а наскоро ќе почнат и обуките, изјави на прес - конференција Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Ангелов потврди дека новоизбраните пожарникари нема да бидат ангажирани на поголеми и поризични пожари.
-Јавниот повик за прием на млади пожарникари ќе помогне во борбата со пожарите. Денеска е втор работен ден од завршувањето на јавниот повик и сеуште трае административната селекција. Во наредните денови ќе почне обуката која ќе се одвива најмалку два дена, доволна за првостепена селекција. Веднаш потоа пријавените кандидати ќе бидат упатени на посериозна обука со која ќе почне изборот на лицата кои во наредните десттина денови ќе може да бидат упатени на поедноставни задачи. Лицата што аплицираа нема да бидат упатени за гаснење на поголеми и поризични пожари, истакна Ангелов.
На денешната средба со претставници на средствата за јавно информирање, Ангелов апелираше граѓаните да внимаваат, и да ги проверуваат информациите што доаѓаат од разни социјални мрежи.
-Да се внимава и да се проверуваат информациите на разни социјални мрежи. Некои објавиле, а досега евакуација на цело село не се случила. Нема ниту денеска. Бидете внимателни кога како извор за информирање ги користите социјалните мрежи бидејќи пред се ненамерно се шири паника преку нив, слушаме за изгорени села, нешто што не соодветствува на вистината, нагласи Ангелов.
МИА
Ново на Сител
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски