Англичанка го преименува „Американо“ во - „Украино“ како протест против САД

Сопственичка на кафуле во Велика Британија го преименуваше популарното кафе „Американо“ во – „Украино“ како протест поради, како што самата рече, „злоупотребата кон претседателот Володимир Зеленски“ во САД, за време на неговата посета на Овалната соба во Белата куќа.
Кафето „Американо“ го добило своето име во Втората светска војна, кога американските војници го разредувале своето посилно „Еспресо“ во Италија за да го направат по нивен, „американски“ вкус. Хелен Грегори, која го води кафулето „Сихорс кофи бок“ (Seahorse Coffee Bok) во Ситон Керjу во северна Англија, објасни дека преименувањето го направила како поддршка за украинскиот претседател. Во видео на својот интернет-простор, таа става налепница со натпис „Украино“ над постариот назив на нејзиниот ценовник за пијалаци.
„Значи, нема повеќе ‘Американо’. Од денес ќе го нарекуваме ‘Украино’,“ вели Хелен.
Угостителката за „Тисајд газет“ (Teesside Gazette) изјави дека никогаш претходно не направила вакво нешто и ги повика другите кафулиња да го следат нејзиниот пример. Според наводите, гостите го поддржале протестот.
– Знам дека нема да направи разлика, но барем во моето мало катче заземам став, рече таа.
Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс имаа прилично тензична средба со претседателот на Украина, во петокот, во Овалната соба, околу иднината на неговата земја и војната со Русија.
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
