Македонија
8. April 2016 - 16:06

Анкета: Груевски со пет ипол пати повисок рејтинг од Заев

39.2 проценти од граѓаните би го дале својот глас за ВМРО – ДПМНЕ на изборите на 5 јуни, покажале резултатите од телефонската анкета на институтот Димитрија Чуповски. 14,9 отсто од граѓаните одговориле дека на изборите на 5 јуни својот глас би го дале за СДСМ, 29,5 проценти дале одговор незнам, а 15,5 отсто одговориле за ниту една од двете партии.  Според истата анкета, најголема доверба помеѓу граѓаните има Никола Груевски. 39,5 проценти од граѓаните го посчиле токму лидерот на ВМРО – ДПМНЕ како одговор на прашањето на кој од македонските политичари му верувате најмногу. 7,3 проценти од анкетираните имаат најголема доверба во Зоран Заев, 3,6 најмногу му веруваат на Бранко Црвенковски, 2,2 на лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, а само 0,4 отсто од анкетираните најмногу и веруваат на Радмила Шекеринска

60,1 процента од анкетираните одговориле дека Катица Јанева работи по налог на одредени домашни или странбски фактори со цел да и наштетат на ВМРО – ДПМНЕ, а 20,4 отсто од испитаниците посочиле дека Катица Јанева работи независно и професионално.  61,2 проеценти од учесниците во телефонската анкета одговориле дека во Македонија нема фантоми како што се виде и со проверката на списокот, туку тоа е само изговор за изборните порази на опозицијата. 23,1 отсто пак го одбрале тврдењето дека постојат многу гласачи фантомиу на избирачкиот список со чија помош се нарушува изборниот процес и се местат изборите во корист на власта.

Најголем дел или 63,8 проценти од испитаниците одговоирле дека поверојатно е крајната цел на САД и ЕУ во однос на политичката криза во Македонија да е Притисок за промена на уставното име, а 22,2 како крајна цел ги гледаат демократизацијата и владеењето на правото.  Сите резултати од анкетата спроведена помеѓу 30 Март и 2 април годинава подлежат на статистичка грешка од +/- 2,4%, информираат од институтот Димитрија Чуповски. Во телефонската анкета биле опфатени 1275 испитаници на ниво на цела република а во него не биле вклучени испитаници Албанци, целта според соопштението од интитутот била да се  дознаат перцепциите на граѓаните за двете најголеми партии во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.