Македонија
20. јуни 2026 - 16:33

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви

Македонец додека бил на одмор на Малдиви бил заразен со зика вирусот по каснување од комарец. Првите симптоми како треска и болки по телото и зглобовите се јавиле на 24 мај а по некој ден и ситен густ осип. По враќање во земјата побарал помош на Клиниката за инфекивни заболувања каде бил прегледан и направени потребните лабораториски испитувања. Не бил задржан во болница и во моментот, според известувањето од Институтот за јавно здравје е во добра здравствена состојба.

-. Откако е добиен позитивниот резултат направена е епидемиолошка анкета на заболеното лице, потоа е спроведена и дезинфекција по епидемиолошка индикација во околината на местото на живеење на заболениот и даден е совет за превенција од понатамошна превенција на болеста, од човек на човек трансмисијата може само по сексуален пат.

Ризична е кај бремените жени бидејќи ме да предизвика конгенитални малформации на плодот и предвремено породување, изјави асс.д-р Драган Кочински, раководител на оддел за епидемиологија во ИЈЗ.

Иако станува збор за импортиран случај, како што предупредуваат од ИЈЗ не е исклучена можноста и за други пријави бидејќи Малдиви, Карибските острови, Тајланд и Индонезија се посакувани туристички дестинации а таму циркулира вирусот Зика кој потенцијално го пренесува тигрестиот комарец. Не секое каснување од комарец ќе значи и појава на некоја болест, но како што советуваат од ИЈЗ, оние кои сакаат да одат во тропски или субтропски дестинации пред патување можат да се консултираат со епидемиолошки служби од соодветните центри за јавно здравје за да добијат превентивни совети за вектор преносливите болести. Од Институтот велат дека ги имаат сите реагенси за тесирање на болести што ги пренесуваат комарци.