Анкета: Пад на рејтингот на Трамп

Резултатите од најновата анкета на Ројтерс и Испсос покажуваат најмал рејтинг на Доналд Трамп во неговиот втор претседателски мандат.
Само 36 проценти од Американците ги одобруваат акциите на Трамп, додека минатата недела го поддржувале 40 отсто. Ставовите на Американците за Трамп значително се сменија поради неговото управување со трошоците за живот, бидејќи цените на бензинот пораснаа по американско-израелските напади врз Иран.
Само 25 проценти од испитаниците го поддржаа начинот на кој Трамп ги решава проблемите, на кој тој ја засноваше својата кампања за претседателските избори во 2024 година.
И кај републиканците, кои не го одобруваат управувањето со трошоците за живот е зголемен од 27 проценти минатата недела на 34 отсто.
Рејтингот на Трамп во првите денови од неговиот втор претседателски мандат изнесуваше 47 проценти, додека минатото лето беше претежно беше околу 40 отсто.
Ново на Сител
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
