-->
-->
АО: Ѓоковиќ ќе игра четвртфинале со Рубљов
-->

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на првиот грен слем турнир Австралија опен со што го продолжува атакот на 10-тиот трофеј во Мелбурн откако во осминафиналето убедливо со 3-0 го совлада Австралиецот Алекс Де Минаур , по сетови (6:2, 6:1, 6:2). Мечот траеше повеќе од два часа а противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе му биде Русинот Андреј Рубљев, кој претходно по голема драма во пет сета беше подобар од Данецот Холгер Рун.
На женскиот турнир познати се сите четвртфинални двојки Елена Рибакина (Казахстан) – Елена Остапенко (Летонија), Џесика Пегула (САД) – Викторија Азаренка (Белорусија), Каролина Плишкова (Чешка) – Магда Линет (Полска), Арина Собаленка (Белорусија) – Дона Векиќ (Хрватска).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
-

Николоски: По првите километри од автопатот Прилеп-Битола граѓаните ќе може да возат идната година
-

1,4 милиони евра за обнова на Исарот во Штип
-

Струмица ќе инвестира 30 милиони денари во нов озонатор за фабриката за вода
-

Иран им се заканува на земјите што ја поддржуваат „економската војна“ на САД
-

Преглед на вестите од светот
