Македонија
13. February 2026 - 18:20

Апел за донации: Потребна е итна помош за лекувањето на осумгодишната Ана

На Ана ѝ е дијагностициран редок и агресивен тумор на синусите (Tu Foss pterygopalatina, Sinus sphenodalis lat. dex et orbitae lat. dex). Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде во моментов се бара специјализиран хирург кој ќе ја изврши неопходната операција. Станува збор за исклучително деликатна интервенција поради локализацијата на туморот и неговата агресивност.

Потребни се средства за операција, болнички трошоци и понатамошен третман во странство. Времето е клучен фактор, а семејството нема можност самостојно да ги покрие сите трошоци.

Секој придонес е значаен.

Донирајте и помогнете да се обезбеди навремено лекување за Ана.

Можноста за донирање е достапна на следниот линк на платформата Ecrowd: https://ecrowd.mk/projects/045c8893-4e49-4a9c-b3cd-86bcbc4103c4