ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
Основното јавно обвинителство оформи предмет за енормното загадување на водата за пиење со цел да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.
Издадена е наредба да се изврши увид на локација во селото Шум, каде се наоѓаат изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје. Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, стои во соопштението на ОЈО Струга.
Првичните сознанија од терен се дека таму се вршени ископи но за што точно станува збор и кои се причините за заматувањето се очекува да покаже истрагата на надлежните органи вели директорот на струшки Водовод кој од морални причини вчера си поднесе оставка.
Блинков од државниот инспекторатот за животна средина, вели треба да се истражи дали станува збор легален каменолом над изворите на питка вода во Шум.
Водата од градскиот водовод во Струга е заматена речиси цела недела. Граѓаните се револтирани бидејќи водата не смее да се користи за пиење, готвење ниту за лична хигиена.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
