Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во текот на вчерашниот ден повторно констатира енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата, која на дневно ниво изнесува околу 360.000 кубни метри. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, велат од јавното градско претпријатие.
- Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува со вода за пиење од природен извор со ограничена количина од непроценлива вредност, апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл.ично, порачуваат од ЈП „Водовод и канлизација“.
Воедно апелираат до органите на локалната самоуправа, согласно надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите на општините за рационално користење на водата за пиење.
- Се укажува дека досега не се постапува соодветно за санкционирање на кражба на вода од другите институции кои имаат надлежност за тоа. Загубите на вода од 65 отсто не се поради дефекти, туку главно поради кражби преку нелегално приклучување на згради, куќи и др објект и користење на питка вода наместо техничка за полевање на земјоделски површини. Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk, посочуваат од „Водовод и канализација“ и истакнуваат дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.
МИА
Ново на Сител
-
Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија
-
Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски
-
Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска
-
Иран им се заканува на САД и Израел со силна одмазда во случај на напад, навестува можност за договор
-
Четворица убиени во пукотница во Њујорк, напаѓачот исто така е мртов
-
Словенечки пожарникари и специјализирана опрема пристигнуваат во Берово
-
Без струја корисници на улиците „Иван Цанкар“, „Франц Прешерн“ и „Вангел Дину“ во Карпош
-
Во Нови Сад прифатена иницијатива за споменик на жртвите од падот на бетонската настрешница