Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино во случајот „Синџир“ и го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка гаранција.
Како што информираат од Апелациониот суд, Кривичниот совет со решение КСЖ-1214/25 од 02.12.2025 година едногласно одлучил да ја одбие жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино и го потврдил решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување мерка притвор и определување мерка за обезбедување присуство на осомничениот – гаранција.
Со тоа, како што појаснуваат од Апелација, во сила останува мерката притвор определена по сите основи од член 165 став 1 точки 1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка, сметано од денот на пронаоѓањето и лишувањето од слобода на осомничениот.
-Понудената гаранција во услови кога мерката притвор е определена и опстојува и по основот од точка 2 од член 165 став 1- „постои основан страв дека ќе ги сокрие фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците вештаците соучесниците или прикривачите“, не е дозволена и како таква законски не била предмет на разгледување и одлучување од страна на советот на овој суд, се наведува во соопштението од Судот.
По завршување на жалбената постапка Решението на Апелациониот суд Скопје (КСЖ-1214/25 од 02.12.2025 година) е доставено до Основниот кривичен суд на 11.12.2025 година на понатамошно постапување.
Од Судот велат дека одлуката со образложението во целост ќе биде достапна на веб страната на судот, согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Овој предмет стана актуелен по истрата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во која е приведен поранешниот државен правобранителот Фехми Стафа за примање поткуп од 50.000 евра.
Како што информира вчера МВР, во периодот од октомври до 13 декември 2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50 000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.
МИА
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
