Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека ќе ја посети Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Тој рече дека ќе замине таму денеска. Неговата средба со Путин ќе биде утре.
Арагчи ја даде изјавата на маргините од состанокот на Организацијата за исламска соработка во Истанбул. Арагчи рече дека САД и Израел преминале голема црвена линија, осврнувајќи се на синоќешните американски напади врз критичните ирански нуклеарни објекти.
„Нема црвена линија што не ја преминале. А последната и најопасната беше премината синоќа. Тие преминаа една голема црвена линија со напаѓање на нуклеарни објекти“, рече Арагчи.
Посочи дека Иран ќе се брани со сите можни и неопходни средства по американските напади. Тој ги обвини САД и Израел дека одлучиле да уништат каква било можност за дипломатија.
Ново на Сител
-
Нетанјаху прогласи историска победа
-
Сончево и многу топло, до 39 степени
-
Усвоени измени на Законот за царинска тарифа, се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД
-
Биди кокиче на новиот живот | Дора Попова | Sitel Podcast 099
-
70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција