-->
-->
Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-->

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека посредниците и натаму „се обидуваат да најдат начини за повторно рестартирање на преговорите“ со САД, но дека во моментов нема можност за нивно продолжување.
Додека не се прекинат прекршувањата на меморандумот за разбирање од страна на САД и додека САД не го надоместат она што го прекршиле, според наше мислење, нема можност за продолжување на преговорите“, изјави Арагчи на настан во иранскиот Центар за политички и меѓународни студии при Министерството за надворешни работи, пренесува иранска новинска агенција.
Арагчи додаде дека Иран преговара со Оман и дека овие преговори „се однесуваат на одредување на нова морска рута во Ормутскиот Теснец“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
