-->
-->
Аргентина го победи Исланд, Меси постигна гол
-->

Репрезентацијата на Аргентина ноќеска го победи Исланд со 3:0 во пријателски натпревар. Натпреварот се одигра на стадионот „Џордан-Хеар“ во Обрн, САД.
Во 8. минута Валентин Барко го отвори резултатот. Во 72. минута, Лионел Меси реализираше пенал за да го постигне својот 117-ти гол за репрезентацијата. Меси во игра влезе од резервната клупа во 70.минута. Фудбалерот од средниот ред Тијаго Алмада во финишот ги постави конечните 3:0.
Аргентина се подготвува за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во три земји: САД, Канада и Мексико.
Тие ќе играат во групата Ј против Алжир, Австрија и Јордан.
Исланд не се квалификуваше за Мундијалот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
