Армијата и Министерството за одбрана ќе им оддадат почит на загинатите бранители кај Љуботенски бачила

Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе положи цвеќе во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила.
Како што соопшти Генералштабот на Армијата, во рамки на чествувањето делегацијата ќе положи цвеќе на повеќе спомен-обележја посветени на загинатите бранители.
Во 8 часот ќе биде положено цвеќе кај спомен-обележјето на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров, по што во 8:30 часот ќе се одржи оддавање почит кај споменикот на паднатите бранители во селото Волково.
Предвидено е во 10 часот делегацијата да положи венци кај споменикот на загинатите бранители во селото Љубанци, а во 12 часот и кај спомен-плочата во касарната „Илинден“.
Со активностите ќе биде одбележан споменот на припадниците на резервниот состав на Армијата кои ги загубија животите во конфликтот во 2001 година.
На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола
МИА
Ново на Сител
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
