Астронаутите на „Артемис 2“ стигнаа до сферата на гравитациско влијание на Месечината

Четворицата астронаути на мисијата „Артемис 2“ стигнаа до сферата на гравитационо влијание на Месечината, што е точката кога гравитацијата на Месечината има посилен ефект врз вселенското летало „Орион“ отколку врз Земјата, соопшти денеска НАСА, пренесува ДПА.
Американските астронаути Виктор Гловер, Кристина Кох и Рид Вајзман и канадскиот астронаут Џереми Хансен – се првите луѓе по повеќе од 50 години што патуваат на Месечината.
Астронаутите полетаа во среда вечерта на капсулата „Орион“ на ракетата „Space Launch System“ од космодромот „Кејп Канаверал“ во американската држава Флорида. Околу 24 часа подоцна, тие ја напуштија Земјината орбита користејќи специјален маневар.
Целокупната патека на летот на „Артемис 2“ наликува на бројка од осум околу Земјата и Месечината.
Екипажот сега треба да лета околу Месечината и во петок се очекува да се спушти во морето назад на Земјата.
Во следните неколку часа, се очекува вселенското летало да се приближи најблиску до Месечината. Оттаму, астронаутите ќе можат да ја видат Земјата и Месечината истовремено, па дури да го видат и затемнувањето на сонцето во кое Сонцето исчезнува зад Месечината од перспектива на Орион.
Тие исто така би можеле да патуваат подалеку од Земјата од кој било човек досега. Сегашниот рекорд го постави екипажот на мисијата „Аполо 13“ во 1970 година на околу 400.171 километри, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-

Велигденски базар во домот за стари лица „Мајка Тереза“
-

Ристески: Ќе се субвенционираат и оние предадени килограми тутун кои ја надминуваат количината од договорот
-

Католичките верници ги почнуваат Велигденските празнувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
