Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник

Авион на „Туркиш ерлајнс“ на летот од Истанбул за Барселона денеска имаше принудно слетување откако беше откриено дека еден патник го сменил името на својата интернет мрежа за да вклучи закана со бомба.
Директорот за комуникации на „Туркиш ерлајнс“, Јахја Устун, објави на социјалните мрежи дека за време на приближувањето кон Барселона на летот Истанбул-Барселона TK1853, е откриено дека еден патник за време на летот креирал пристапна точка за интернет и го поставил името на мрежата така што ќе вклучува закана со бомба.
„Потоа, веднаш беа покренати потребните процедури во рамките на безбедноста на летот. По безбедното слетување на авионот, надлежните органи на земјата вршат проверки. Процесот се спроведува во рамките на меѓународните правила за безбедност во воздухопловството“, напиша тој, пренесува Хуриет.
Шпанската агенција EFE претходно објави дека авионот на турската компанија извршил итно слетување на аеродромот Ел Прат во Барселона поради пријава за закана со бомба.
Шпанскиот оператор на аеродроми AENA објави дека аеродромот работи нормално и дека безбедносните служби ја проценуваат ситуацијата.
По дојавата, два борбени авиони го следеа авионот, што требаше да слета во Барселона во 11 часот по локално време, а службите за итни случаи евакуираа околу 150 патници и ги извршија потребните проверки во авионот „Ербас А321“, управуван од турска авиокомпанија, објави Паис.
Каталонската агенција за цивилна заштита го активираше планот Аерокет на ниво на тревога за да ја следи „ризичната ситуација“ на аеродромот.
МИА
Ново на Сител
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
-

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес
-

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите
-

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
-

84-годишник со закана изнудил 5000 евра од негова роднина, па прекинал комуникации со неа
-

76-годишен тетовец починал откако избил пожар во неговиот стан
-

Димитриеска-Кочоска: Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, исплата на солидарниот данок од март
