Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули

Авионска дезинсекција против возрасни комарци на подрачјето на Скопје ќе се спроведе на 30 и 31 јули, доколку временските услови бидат поволни, соопшти денеска Град Скопје.
- Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира на 30 и 31 јули, со авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови, за што јавноста ќе биде навремено информирана - стои во објавата на фејсбук.
Од Град Скопје информираат дека во текот на изминатите месеци биле реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарците. Дезинсекцијата против ларви била спроведена со авионски третмани на 7 мај, 11 јуни и 10 јули, како и со теренски третмани на 26 јуни и 23 јули.
Во рамки на мерките против возрасни комарци, биле извршени авионски дезинсекции на 1 и 2 јуни, како и на 27 и 28 јуни, додека теренски третмани биле реализирани на 18 и 20 јуни, како и на 13 и 15 јули.
МИА
Ново на Сител
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
-

Прилепските бизнисмени: Санација на Прилеп-Градско преку Плетвар и измени на боледувањата и дел од царинскиот тарифник
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
