Австралиски служби откриле ИП адреси од Македонија - кај битолчанец вработен во образование пронајдена детска порнографија
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
Осомничениот 31-годишник, кој бил инаку вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 01.04.2026 година на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија.
Постапката е резултат на предистражни дејствија на јавното обвинителство во координација со СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика Скопје кои произлегоа по известување од австралиската федерална полиција која пред извесен период спровела акција за откривање на веб страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца.
Австралиските служби спроведоа операција за откривање на корисниците на ИП адреси кои се обиделе да пристапат до една или повеќе од веб-страниците, при што биле идентификувани повеќе уникатни регистрирани корисници, нивните електронски и ІР адреси од кои дел во Р.С. Македонија, за што е испратено известување и до македонските истражни органи.
Се преземаат дејствија на проверки и во Скопје и други градови, со цел детална проверка на сите добиени сознанија.
За осомничениот битолчанец до Основниот суд во Битола доставен е предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети
-

Во Србија се одржуваат избори во 10 локални самоуправи
-

Облачно со врнежи во источните делови
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
