Македонија
27. March 2026 - 13:58

Автобус удрил во 16-годишно девојче пред училиште во кумановско

На 26.03.2026 во 09:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на пат пред средно училиште во Долно Којнаре, кумановско, автобус „ман“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(61) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, со кој се превезувале ученици, движејќи се наназад удрил во 16-годишна ученичка во училиштето од с.Старо Нагоричане.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила ученичката, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, соопшти МВР.