Багеи: Ормуската Теснина никогаш нема да се врати на состојбата пред војната

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеи, изјави дека Ормуската Теснина никогаш нема да се врати на состојбата пред војната.
Багеи тврди дека разговорите што се водат меѓу Иран и Оман за Ормуската Теснина не се во никаква врска со отворањето или затворањето на тој пловен пат, пренесе иранската новинска агенција Фарс.
Тој рече дека затворањето на Ормуската Теснина било последица, како што наведе, на „американската саботажа и поморската блокада на Иран“.
- Исламската Република Иран делува во согласност со интересите на земјата и нема да ја промени својата одлука под влијание на закани и застрашувања од страна на други – нагласи Багеи.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вчера изјави дека преговорите меѓу Иран и Оман во врска со управувањето со Ормуската Теснина се во завршна фаза, пренесе Ирна.
МИА
Ново на Сител
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
-

Политички препукувања за скандалот со водата за пиење во Гостивар
-

Претседателката на Индија Мурму во посета на Македонија
-

Силно невреме го погоди Делчево
-

Тензии поради Законот за високо образование
-

Од денеска поскапи горива
