Бајден: Путин нема да нè заплаши, ќе ја браниме секоја педа од Алијансата
– Претседателот на САД Џо Бајден изјави денеска дека САД и НАТО нема да бидат „заплашени“ од рускиот претседател Владимир Путин и предупреди дека западната алијанса ќе брани „секој сантиметар“ од својата територија.
– САД и нејзините сојузници нема да бидат заплашени, нагласи тој, објавија од Белата куќа. Путин „нема да нè заплаши“.
Бајден потоа му се обрати директно на лидерот на Кремљ, предупредувајќи го во однос на каков било напад на територијата на НАТО.
– Америка е целосно подготвена, со нашите НАТО сојузници, да ја брани секоја педа од територијата на НАТО“, наведе тој. – Господине Путин, не разбирајте погрешно што велам: секоја педа!
Бајден го опиша како „лажна рутина“ потпишувањето на рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска на „пристапни договори“ со кои се формализира руската нелегална анексија на четири окупирани региони во Украина, што го означува најголемото насилно преземање на територија во Европа од Втората светска војна.
Американскиот претседател, исто така, рече дека „дејствата на Путин се знак дека тој е во проблеми.
Бајден потенцираше дека САД никогаш нема да ги признаат анектираните територии како дел од Русија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-

Точката за разрешување на Коцевски утре пред пратениците
-

Власта ја поднесе својата резолуција против мигрантите и лажните вести на опозицијата
-

Апелација ја одбила жалбата на Љупчо Пецов 10 дена пред адвокатот Стафа да земе пари за поткуп на судија
-

Вечерва ќе светне новогодишната елка и ќе биде отворен божиќниот маркет на плоштадот Македонија
-

Трезорот работи, а буџетот е во одлична кондиција, вели министерката за финансии
-

Кратењето на буџетот за ретки болести шок за пациентите
-

Нов кум и здравичар за Бадник
