Македонија
2. July 2025 - 11:07

Бегале од полиција со мотор без таблички и усмртиле човек на кеј кај „Жабар“ | ФОТО

Скопјанец вчера бил усмртен под сопствениот прозор на кеј кај „Жабар“ од мотор без таблички кој бегал од полиција.

Утрово на Фејсбук се појави една трогателна вест за човек кој бил прегазен од мотор под сопствениот прозорец.

Статусот го пренесуваме во целост:

"Да умрам недалеку од местото кај што се родив", најчесто се поистоветува со човековата желба, честопати вкоренета во чувството на поврзаност со сопственото потекло и желбата за враќање кон домот, корените...

Чичко Југо, татко на две прекрасни ќерки кои израснаa во прекрасни мајки и му подарија три внучиња. Чичко Југо на никого ништо не му згришил, да не го знаеш ќе се чудиш од каде толку фин, културен, кога и да те види ќе те поздрави, ќе ти направи секогаш фин муабет. Нема човек кој не го сакаше, не го почитуваше.

Чичко Југо загина под сопствениот прозор, буквално под сопствениот прозор. Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот.

Секогаш ќе те памтиме само по добро чичко Југо, гласеше статусот.

Детали од МВР се очекуваат во текот на денот.