Бејли и Шеќеринска во Прилеп за поддршка на референдумот
САД се партнер на Македонија веќе 25 години и сакаме да ја видиме Македонија како членка на НАТО и ЕУ. Сметаме дека Договорот од Преспа, иако тежок, е еден фер компромис, кој го отвора патот за вашата иднина. Ова денеска во Прилеп го истакна амбасадор на САД, во Македонија Џес Бејли, на средбата со градоначалникот на Општина Прилеп. Амбасадорот Бејли истакна дека пред посетата на Општината имал средба со група на млади луѓе со кои што разговарале за претстојниот референдум, договорот од Преспа и ЕУ и НАТО интеграцијата на земјава.
„Мојата порака до овие млади луѓе беше дека ова е нивни момент, да излезат, да ја зграпчат оваа можност и да си ја одредат нивната иднина. Повторно, вaжно е да се излези и да се гласа. Важно е да се каже својот став, тоа е дел од демократскиот процес. тоа е тоа што значи да се биде модерна демократска држава и се надевам дека сите луѓе ќе излезат и ќе го дадат својот глас во овој критично важен момент“, рече Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија.
Според Бејли ова било тешка одлука, затоа што се правело тежок компромис, но смета дека луѓето ќе ја разбеле нејзината големина затоа што со неа се зачувувал македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Бејли нагласи дека најважно од се, било граѓаните да излезат на референдумот и да го искажат сопственото мислење, без разлика какво и да било е истото.
„Ние како САД сакаме да ја видиме Македонија, да стане 30-та членка на НАТО како Северна Македонија. Тоа ќе придонесе кон стабилност и безбедност, Вашите соседи ќе бидат ваши обврзани сојузници, обврзани кон вашата независност и суверенитет и ќе ги отвори вратите за поголемо и побезбедно бизнис инвестирање во Вашата земја, и сметам дека вреди да се инвестира во посветла иднина“, додаде Бејли.
Општина Прилеп ја посети и Радмила Шекеринска која исто така кажа дека ова било историска одговорност за сите нас.
„Со членството во НАТО кој ќе се случи по реализацијата од овој дел на нашите обврски нашите граѓании ќе спијат поспокојно бидејќи ќе знаат дека Македонија е член на најмоќниот воено политичкки сојуз. Ќе седи на иста маса и ќе има еднакво право на глас со најголемите најмоќните и најбезбедните земји во светот“, истакна Радмила Шекеринска, министер за одбрана на Р. Македонија.
Попладнево Шекеринска треба да оствари и средби со граѓаните на Прилеп, а амбасадорот Бејли се сретна со членовите на Региионаланта стопанска комора.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
