Беким Сали: Власта и опозицијата конечно имаат заеднички став дека е потребна изградба на нов клинички центар
Власта и опозицијата заеднички ќе ја бараат локацијата за изградба на нов клинички центар. Министерот за здравство и официјално потврди за формираната политичка работна група во која има претставници од 4 партии меѓу кои и опозицијата со која ќе ги прецизираат деталностите за клиничкиот комплекс. Беким Сали оптимист дека со политичка усогласеност која ја немало во минатото ќе стигнат до удирање на темели.
-Технички немаме ништо прецизирано, но она што мислам дека е најважно а тоа е политичката услогласеност за проектот. Мислам дека тоа го немало во минатото и затоа имало пречки за овој проект, изјави Беким Сали министер за здравство.
Како што веќе објави Сител, министерот за здравство потврди дека касарната Илинден е една од посериозните локации за новиот клинички а во игра се и ГОБ 8-ми септември и изборот на Венко Филипче во Ѓорче Петров како последна опција. Сали најави и повлекување на законот за изградба на нов клинички центар од собраниските служби кој е блокиран веќе 16 месеци со над 2000 амандмани.
-Најверојатно законот ќе биде повлечен. Ние со работната група размислуваме новиот клинички да биде граден на локација каде веќе има логистичка поддршка а не да се трошат пари и за тоа и оддалеченост која мислам дека и била пречка за досегашните отпори кон проектот, вели Сали.
Веќе 13 години секој министер за здравство со свои програми и локации за нов клинички, но досега никој не удри темели на долгоочекуваната и најавувана инвестиција во здравството. А чекајќи го новиот комплекс, Беким Сали деенска беше на Онкологија каде го промовираа новиот линеарен акцелератор кој според најавите овозможува голема прецизност и успешност во третманот на пациентите со рак.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
