Македонија
24. August 2026 - 16:32

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина

Три и пол децении независност, но четврта година под звуците на сирените и експлозиите. Украина денеска го одбележува Денот на независноста, во сенка на војната која однесе илјадници животи. Со едноминутен молк во чест на жртвите во војната со Русија, македонскиот парламент се вклучи во одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина.

Амбасадорката на Украина во Македонија повика на запирање на руската агресија врз нејзината татковина, од Скопје испрати порака дека на Украина и се потребни ракети со кои ќе одговори на нападите.

Дипломатскиот кор во земјава со осуда за агресијата и поддршка за Украина. Порачаа дека агресорот мора да запре со воената инвазија и убивањето на цивили, а траен мир нема без правда.

Фотографии од Украина беа изложени и собраниската кристална сала како сеќавање на убавините на Херсон кој е еден од најпогодените градови во руските напади. Македонија и во 22-ра усвои Резолуција во парламентот со која ја осуди руската агресија врз Украина.

Додека Русија утрово нападнала трговски центар во Одеса, во Киев, претседателот Зеленски и европските лидери на зедничка церемонија одадоа потчит на жртвите.