Бела куќа: Средбата на Трамп со Си Џинпинг не е загрозена, но можно е одложување

Можно е долгоочекуваната средба на претседателот на САД, Доналд Трамп, со неговиот кинески колега Си Џинпинг да биде одложена, бидејќи вниманието на американскиот претседател е насочено кон војната против Иран, соопшти денеска Белата куќа.
– Претседателот со нетрпение очекува да ја посети Кина – изјави портпаролката на Трамп, Каролин Ливит. – Датумот може да биде променет. Како врховен командант, негов главен приоритет во моментов е да го гарантира успехот на операцијата ’Епски гнев‘. Ќе ве информираме за датумите веднаш штом ќе бидеме во можност – додаде таа.
Ливит претходно во интервју за „Фокс Њуз“ нагласи дека не смета оти постои опасност средбата да не се одржи, туку дека е многу веројатно таа да биде забавена. Секое одложување на посетата, првично закажана за 31 март, ризикува да ги зголеми тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг во период кога кризата со Иран стана нов извор на несогласувања, покрај трговијата и прашањето за Тајван.
Во меѓувреме, извозот на нафта од Блискиот Исток падна за повеќе од 60 осто од почетокот на војната на 28 февруари. Американскиот министер за финансии Скот Бесент потврди дека Трамп сака да остане во Вашингтон за да ја координира војната, иако логистичките подготовки и разговорите со кинеските претставници за трговски договори продолжуваат.
МИА
Ново на Сител
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
-

Дел од локалитетот „Маркови Kули“ пошумен со 6.000 садници на даб
-

„Зелникот на баба“, вкусот на традицијата по 12-ти пат во Пробиштип
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
-

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”
-

Работете од дома, возете помалку, користете јавен превоз - итни препораки од меѓународната агенција за енергетика
