„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите

Концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи, како и програма за најмладите ќе има денеска на повеќе локации во Скопје, во рамки на манифестацијата „Бела ноќ 2026“, која нуди богата културна програма. Организатори се ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, според кои, манифестацијата и годинава ќе ги поврзе градските плоштади, улици, музеи и галерии во заедничка ноќ на културата.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа објави дека на „Бела ноќ“ работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, превозот со автобусите на ЈСП ќе биде бесплатен од 18 часот на 3 октомври до 5 часот на 4 октомври, а бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.
Програмата на плоштадот „Мајка Тереза“ (платото пред МОБ) почнува во 18 часот со детскиот фестивал „Поточиња“, а во 18:45 часот следува „Театар за тебе“, интерактивен театар за деца. Од 19:30 часот ќе настапи DJ Bono, а во 20:30 часот „Допамин бенд“. Во 22 часот на сцената ќе бидат Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, додека од полноќ музичката програма продолжува со DJ Tammy и DJ Toshevv.
Кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк ќе има електронската музика. Програмата почнува во 20:30 часот со Flooder & Vaso, продолжува во 22 часот со DJ Vecky – Fluere, а од полноќ настапува Invictoz – Sempre.
На платото пред Музејот на современата уметност, од 20 часот, ќе се одржи „In between 04“, со DJ AYŪ од Берлин, DJ Peneva, DJ Stefan Strange, DJ Bole и DJ Luka, дополнувајќи ја музичката понуда на манифестацијата.
На „Боемска улица“ ќе се одржи „Боемска бела ноќ“ на која ќе настапи младиот Владмир Поповски со бенд и диџеј Тоше Вељанов.
Покрај концертните и диџејските настапи, „Бела ноќ“ ќе понуди и средби со современата ликовна и мултимедијална уметност. Во Домот на градежниците ќе бидат претставени самостојната изложба на Марија Рашковиќ и групната изложба „Вортекс“. Во Чифте амам публиката ќе може да ја посети изложбата „Пресек“ на Ирена Паскали, а во „Мала станица“ мултимедијалната изложба „Меѓу светови“ на Воскресија Андреевска.
Дел од содржините на манифестацијата ќе почнат уште во текот на денот. Во Детскиот културен центар „Карпош“, во 9 часот, ќе има изложба на детски ликовни творби. Во Паркот на поезијата при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, во 12 часот ќе се одржи креативната работилница „Нацртај песна“, а во 19 часот ќе има изложбата „Види ја поезијата“, поврзувајќи ги литературата, имагинацијата и визуелното изразување.
Археолошкиот музеј ќе ги пречека посетителите со бесплатен влез и содржината „35 предмети, 35 приказни“, отворајќи простор за откривање на културното наследство и приказните што ги чуваат музејските предмети. Локации на „Бела ноќ 2026“ се и Младинскиот културен центар, Мостот на уметноста, Боемска улица, Старата скопска чаршија, Музејот на град Скопје, „Аудио култура“ и улица „Македонија“.
МИА
Ново на Сител
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
-

Бесплатен влез на натпреварите на Македонија за најмладите фудбалери
-

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа
-

Мицкоски: Охрабрени сме од пораките од Фон дер Лајен, но не и од ставот за уставните измени
-

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра
