Македонија
16. March 2026 - 14:16

Бела прашкаста материја и марихуана пронајдени во испратен пакет за осуденик од КПУ „Идризово“

На 15.03.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 11:00 часот, при претрес на пакет за осуденикот Е.Д. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.

Се работи на расчистување на случајот.