-->
-->
Белорусинка пронајдена мртва во хотел во Охрид
-->

53-годишна државјанка на Република Белорусија била пронајдена почината во хотел во Охрид.
Случајот во СВР Охрид бил пријавен денеска во 07:45 часот. Станува збор за И.Т., која била пронајдена во хотелскиот објект.
Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.
По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, со цел да се утврдат причините и околностите за смртта.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
