Бербок по одобрувањето помош за Украина: Тоа е ден на доверба за Украина и за безбедноста на Европа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок синоќа откако Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одобри пакетот помош за Украина, изјави дека тоа е „ден на доверба за Украина и за безбедноста на Европа“, јави ДПА.
„Надмината е голема пречка за американската помош за Украина. Срцата на најважните поддржувачи на Украина бијат како едно.
САД и Европа се заедно на страната на слободата и против „војната против тероризмот“ на рускиот претседател Владимир Путин“, напиша Бербок синоќа на социјалната мрежа Икс.
Претставничкиот дом синоќа го одобри предлог-законот со кој се обезбедува помош за Киев во вредност од околу 61 милијарда долари.
За да стапи на сила предлог-законот, неопходно е одобрение и од Сенатот, за кое се смета дека е загарантирано, забележува ДПА.
Ново на Сител
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
