Бербок: Реформата на Советот за безбедност на ОН одамна требаше да се спроведе

Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации и поранешна шефица на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска изјави дека реформата на Советот за безбедност на ОН „одамна требаше да се спроведе“, но дека не очекува напредок за време на нејзиниот мандат.
-Тоа нема да се случи за време на мојот мандат, изјави Бербок за бриселскиот портал Политико, а напредокот, како што нагласи, мора да се постигне „во мали чекори“, преку „поголема транспарентност“ и „обврска за објаснување на ветото“.
По повод 80-годишнината од Повелбата на ОН, Бербок силно ја поддржа важноста на организацијата, и покрај растечките предизвици за мултилатерализмот.
-Без Обединетите нации, ниедна земја во светот не би била побезбедна, нагласи таа.
Целта, според неа, мора да биде надминување на блокадите и подобрување на ефикасноста на ОН, што би се постигнало со спојување на агенции, зголемување на бројот на локален персонал и примена на вештачка интелигенција.
-Финансискиот притисок врз организацијата е толку голем што стана јасно дека треба поитно да се запрашаме кои се суштинските области на активностите на ОН, додаде Бербок.
Зборувајќи за наследникот на генералниот секретар Антонио Гутереш, Бербок предложи следниот шеф на ОН да биде жена.
Организацијата која се залага за правата на жените и човековите права „за 80 години не успеа на своето чело да има жена“, што, како што оцени таа, „веќе не е соодветно“.
За улогата на САД во ОН, Бербок рече дека сè уште гледа силна поддршка за мултилатерализмот, и покрај политиката „Америка на прво место“ на американскиот претседател Доналд Трамп.
Важно е, додаде таа, големите сили да преземат одговорност и „да не ја доведуваат во прашање Повелбата“.
„Обединетите нации остануваат местото каде што мора да се решаваат конфликтите и каде што се развиваат решенија“, заклучи Бербок.
МИА
Ново на Сител
-

Изминатата седмица санкционирани 101 непрописно паркирано возило во Центар
-

ЦИК на БиХ: Синиша Каран е нов претседател на Република Српска
-

Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со - 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени
-

Продолжува судењето за „Онкологија“, треба да бидат сослушани вешти лица од Словенија
-

Минчев: Законот за висока раководна служба воведува мерит-систем и става крај на партизацијата
-

Сиетл го победи Њу Ингланд во Супербоулот 2026
-

Три лица загинаа во руски напади врз Одеса и Харков
-

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, осудена во Иран на уште 7,5 години затвор
