Беса е за укинување на формулацијата „20 проценти“ од Уставот
Градоначалникот на Општина Желино и функционер на Движењето Беса, Блерим Сејдиу на денешната прес-конференција истакна дека треба да се укине од Уставот на Република Северна Македонија формулацијата „јазик што го зборуваат над 20 отсто од населението“ и да стои само албански јазик.
– Нашиот став е дека треба да се укине 20 отсто од Уставот на Република Северна Македонија, затоа што тоа е навредливо за нас како народ, од причина што и од резултатите од последниот попис покажуваат дека сме повеќе. За овој став ќе продолжиме со нашите сили во Собранието да бараме да се укине формулацијата 20 проценти, рече Сејдиу.
На новинарско прашање кога ќе се реализира тоа, Сејдиу одговори дека тоа би се случило во моментот кога ќе се отвори Уставот со цел да се вметнат Бугарите во него.
Ново на Сител
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
