Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
Уапсени се 6 лица, а едно е повикано на информативен разговор, по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварското село Добридол. Полицијата соопшти дека меѓу приведените има 21 годишник, кој пукал заедно со својот татко, 46 годишник.
Во нивниот двор се пронајдени 27 испукани чаури. Но оружје и муниција имало и кај останатите приведени, велат од МВР.
-Пронајдени и одеземни се гасни пиштоли, куршуми за гасни пиштоли, еден пиштол со 8 куршуми, ловна пушка со седум куршуми, еден пиштол, 30 куршуми за гасен пиштол, едем патрон за ловно оружје, еден пуштол со 8 куршуми, изјави Фатмир Реџепи, СВР Тетово.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео каде млади лица качени на автомобил, пукаат во воздух. Објавената снимка предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи, со оглед на строгата забрана за користење оружје по свадби и прослави.
Законот предвидува парична казна од 200 до 500 евра за пукање кога се наруши јавниот ред и мир, но ако пукањето предизвика општа опасност, сторителот може да заврши во затвор од 1 до 5 години.
Од МВР велат дека сите лица се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, кога се очекува да им бидат поднесени соодветни пријави.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
