Македонија
2. August 2026 - 18:15

Охрид пулсира 24 часа

Охрид за Илинден живее со полн интензитет. Градот пулсира 24 часа со бројните концерти, настани, манифестации за кои се бара карта повеќе и журки буквално за сечиј вкус.

Хотелските капацитети се целосно исполнети а иста е сликата и во приватното сместување. Реки од луѓе низ чаршијата и колони возила, преполни плажи, ресторани и кафеани.

Медицински тимови се грижат за безбедноста на бројните посетители ангажирани од организаторите на концертие во главниот туристички центар.

Високите температури и напливот на туристи ги наполнија плажите долж езерото. Од Црвениот крст со апел до бројните посетители да се грижат за својата безбедност.

По завршувањето на концертите и забавите, најголемиот метеж се сели кај сендвичарите, киосците за брза храна, на кејот, плоштадот и низ централното градско подрачје.

Охрид со пригодни свечености го одбележува 2 Август – Денот на Републиката.

Свеченостите почнаа синоќа во Велгошти со полагање на цвеќе на споменикот на Илинденците каде а чествувањата продолжија и денеска, со полагање цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во Градскиот парк и кај Прентов мост и културно-уметничка програма.